Македонија

Бектеши: Нови мерки за поддршка за „совесните компании“

16 мар 2023

Владата планира да ги поддржи компаниите кои ќе покажат општествена одговорност и кои ќе ги прилагодат цените, најави министерот за економија, Крешник Бектеши, откако денеска владиниот врв проверуваше дали се намалени цените на макароните и на млечните производи при посета на маркет во Скопје. 

Ги повикувам коморите и компаниите да покажат општествена одговорност и самите да ги намалат цените на производите, со оглед на намалување на цените на суровините на светските берзи. Ако тие покажат дека се совесни, и ги намалат сами цените, ние ќе излеземе со нови мерки за поддршка за да бидат и тие порентабилни, изјави Бектеши.

Тој за следната недела најави нови мерки, откако ќе бидат готови анализите за тоа дали можат да се замрзнат цените на шеќерот, јајцата и оризот. 

Директорот на Државен пазарен инспекторат (ДПИ), Горан Трајковски посочи дека во текот на денот ќе има подетални информации дали има компании кои не ги почитуваат одредбите.

Повеќе од 160 инспектори се на терен низ целата земја. Апелирам, бидејќи имаше шест дена период за прилагодување, компаниите да го почитуваат законот, бидејќи по законот за трговија, санкциите се од 800 до илјада евра. Ние како инспекторат ќе ги вршиме надзорите согласно законот. Досега нема нерегуларности, но да го почекаме крајот на денот, па потоа ќе инфомираме, ќе ги објавиме прекршителите и со називите на трговските субјекти, изјави Трајковски. 

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека лично се уверил дека одлуката за намалување на цените се почитува од страна на производителите и од страна на трговците. Со мојата посета денеска, но и претходната посета при намалувањето на цената на лебот, сакам лично да се уверам дали се почитуваат одлуките, и колку за тоа имаат слух производителите и троговците и дали се штити интересот на граѓаните. Многу пати сум кажал дека никого нема да оставиме сам да се справува со кризата, но и нема да дозвилиме личното профитерство да се остварува на грбот на граѓаните, особено сега, кога последицитеод кризата се големи, а од бранот на отпуштања никој не е имун - укажа Ковачевски. Тој потсети дека минатата година Владата определила 760 милиони евра за поддршка, кој бил оценет како најголем пакет, а истакна и дека ќе продолжат да ги поддржуваат компаниите, но нема да дозволат да се уништува стандардот на граѓаните.

Фото: Facebook/Kreshnik Bekteshi

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...