Македонија

Минималната плата од март ќе скокне на 19.600 денари

21 Dec 2022

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на гостувањето во „Клан ТВ“ кажа дека од март 2023 година Владата ќе ја зголеми минималната плата на 19.600 денари.

Битиќи вели дека намерата на Владата е да може двајца членови на семејство да ја покријат потрошувачката кошничка за еден месец.

Во март минималната плата ќе стане 19.600 денари, па така двајца членови на семејство ќе може да ја покријат потрошувачката кошничка и да остане нешто, вели Битиќи.

Последното зголемување на минималната плата беше во март годинава, кога истата „порасна“ на 18.000 денари, за околу 80.000 работници од различни индустрии. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...