„Прилепска пиварница“, со својот бренд Zlaten dab се приклучува кон глобалното движење за подигнување на свесноста за поголема (редовна) грижа за машкото здравје, преку спроведување на кампањата „Мовембер – На здравје, за машкото здравје“.
Комуникацијата за кампањата „Мовембер“ преку специјално дизајнирани етикети на стаклените шишиња Zlaten dab директно ќе ја таргетира машката популација и ќе придонесе за подигнување на свесноста за вршење редовни прегледи и рана детекција на тешки заболувања. Во текот на кампањата „Прилепска пиварница“ од секое купено пиво Zlaten dab во стаклена амбалажа од 0,33л и 0,5л, ќе одвојува одреден паричен износ што ќе биде наменет како донација и е предвиден да изнесува до 400.000 денари. Средствата од донацијата ќе бидат наменети за набавка на медицинска опрема во согласност со потребите на Универзитетската клиника за урологија во Скопје.
Во целиот свет месецот ноември е во знакот на машката популација и се одбележува со различни активности за подигнување на свеста за две чести заболувања кај мажите, какви што се ракот на тестиси и ракот на простата, но и општо одржување на психофизичкото здравје на мажите. Симболично обележје на Мовембер се мустаќите, а нив сега можете да ги забележите на етикетите на стаклената амбалажа на Златен даб 0,33л и 0,5л, изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска пиварница.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.