Македонија

На почетокот на 2023 година пак ќе се зголеми минималната плата

10 Oct 2022

Следното покачување на минималната плата во државата ќе биде во првиот квартал од идната година, најави премиерот Димитар Ковачевски. 

Идната година повторно не очекува зголемување на минималната плата, бидејќи ја сменивме методологијата. Сега влијае и зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на продуктивноста, односно на БДП во државата. Повторно ќе имаме зголемување на минималната плата на почетокот на годината, рече Ковачевски на прес - конференција во Владата. 

Покачувањето ќе биде согласно новата методологија која беше договорена на преговорите помеѓу Владата, синдикатите и работодавците во февруари годинава, кога падна договор за минималната да се покачи на 18 000 денари.

Новата методологија, како што беше договорено, значеше, промена на критериумите за годишно усогласување на минималната плата со 50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 проценти од растот на трошоците за живот. Третиот критериум кој беше во пресметките висината на минималната плата да не биде пониска од 57 проценти од просечната плата објавена според Државниот завод за статистика.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...