Македонија

„Штип сити мол“ им подари 500 ранци на првачињата

01 Sep 2022

Со донација од 500 училишни ранци, „Штип сити мол“ им посака успешен почеток на првачињата и го најави своето отворање на 5 ноември.

На вчерашната церемонија по повод пречекот на првачињата во ООУ „Димитар Влахов“ – Штип, беше присутен и градоначалникот Иван Јорданов, кој изрази благодарност до компанијата и истакна колку се важни активностите што се насочени кон развојот на образованието и едукацијата на младите.

Уште пред официјалното отворање на трговскиот центар, одлучивме нашата прва општествена активност да биде наменета токму кон најмалите. Сметаме дека поддршката и придонесот кон образованието е одговорност на сите во општество. Со оваа донација сакаме да бидеме дел од детската радост и ентузијазам и да ги израдуваме првачињата, мотивирани и исполнети да ја започнат новата животна етапа која е од огромна важност за нив, изјави Горан Јордев, сопственик на „Штип сити мол“, при што истакна дека официјалниот датум за отворање на трговскиот центар е закажан на 5 ноември.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...