По повод 70-годишнината од постоењето, „Бимилк“ донира детско игралиште лоцирано наспроти стадионот во Градскиот парк во Битола, во заедничка соработка со Општина Битола.
Како што објавија од компанијата, паркот ќе содржи спортски и детски реквизити, урбана опрема и соодветно осветлување, со што граѓаните и посетителите на Битола ќе добијат ново место за одмор и рекреација, како и за игра и забава на најмладите.
Оваа донација има за цел да ги израдува најмалите и да ги потсети сите дека со производите на Бимилк пораснале генерации и генерации, бидејќи растеме заедно веќе 70 години. Како општествено одговорна компанија се трудиме да бидеме позитивен пример што ќе го следат сите оние кои сакаат почиста животна средина, повеќе рекреација и шанса за повеќе детски насмевки, изјавија од „Бимилк“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.