Во тек е дистрибуцијата на новите специјални изданија на InStore и „Кликер маркетинг“ – третата Мапа на трговци и второто издание на Мапа на дистрибутери.
Мапа на трговци ја прикажува комплетната слика на малопродажниот сектор во земјава, преку поединечно претставување на трговците низ повеќе параметри, со информации за нив и дополнителни анализи за нивното работење од истражувачки агенции од Македонија, регионот и од светот. Ќе ја прочитате анализата на InStore за малопродажбата на македонскиот пазар, анализа на сегментот трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, состојбата и развојот на е-трговијата во Македонија, мапа на топ-15 компании според приходи од продажба на производи во 2021 година, совети, трендови, предизвици и уште многу други содржини.
Мапа на дистрибутери е задолжително четиво со информации и анализи за работењето на дистрибутерите. Ќе бидат објавени релевантни анализи на пазарот – дистрибутивни компании според големина и регионална покриеност, приходи, број на вработени... Освен анализа на дистрибуцијата на македонскиот пазар и мапа на топ-15 компании според приходи од продажба на производи во 2021 година, во изданието ќе може да прочитате и содржини – актуелности, трендови и нови технологии – поврзани со регионалната и светската дистрибутивна и логистичка сцена.
Ги очекуваме Вашите коментари!
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.