Денеска (16 јули) почна со работа целосно реновираниот маркет „Кам“ на улицата Коле Неделковски бб во Битола.
Како што информираат од „Кам“, современиот продажен простор од 460 квадратни метри сега е со поголема функционалност, збогатена понуда на производи и со поголема прегледност при пазарувањето.
Модерниот изглед на „Кам“ во Битола, кој е идентичен со новите маркети од нашата мрежа, е постигнат со применетото комплетно внатрешно и надворешно брендирање според препознатливиот корпоративен идентитет на компанијата, соопштуваат од компанијата и додаваат дека понуда е надополнета и со печива од сопствената пекарница.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.