Трговскиот синџир КАМ ги зголеми платите на вработените и почна со исплата на регрес за годишен одмор, објавија од компанијата.
Независно од комплексните економски услови КАМ маркет доследно ја спроведува сопствената политика на постојано зголемување на платите и надоместоците на вработените. Ценејќи ја посветеноста на своите вработени и следејќи го трендот на зголемување на цените и животните трошоци, КАМ веќе во април реализира зголемување на платите на вработените во маркетите за 15%, а во логистиката и транспортот за 13%, соопшти трговецот.
Со ова, само во првиот семестар од годината нето платите на вработените во маркетите просечно се зголемја за 4.000 денари. Од синџирот маркети известија и дека на задоволство на вработените, отпочната е исплата на регресот за годишен одмор за секој вработен во висина од по 33.000 денари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.