На вкупна површина од 60.000 квадратни метри, КАМ го претстави најголемиот логистички центар досега во Македонија, изграден по најсовремени стандарди.
Објектот се наоѓа на неколку километри од центарoт на Скопје. Се протега на простор од 16.000 квадратни метри и располага со капацитет од 6.800 палети за суви продукти, како и 2.500 палети за замрзнати производи, овошје, зеленчук и свежо месо.
Оваа инвестиција вредна 12.000.000 евра овозможува брзина и ефикасност во работењето кои, придонесуваат за огромна заштеда во цената на производите која се пренесува на крајните потрошувачи.Логистичкиот центар поседува сопствен оддел за контрола на квалитетот кој врши дневни редовни контроли на артиклите на самиот влез со што гарантира свежина и квалитет на сите производи. Процесот на прием и чување на производите на посебни температурни режими, во соодветни комори како на пр. овошјето, зеленчукот, месото, чоколадите, млечните и длабоко замрзнатите производи подлежи на строги контроли, известија од синџирот маркети.
Логистичкиот центар нуди современи услови за работа, адекватен надомест и пријатна атмосфера за повеќе од 150 вработени. Исто така,има активен придонес за заштита на животната средина. Месечно тука се рециклираат 100 тони отпад, а целосно оптимизираниот процес на дистрибуција заштедува 5 милиони километри пат месечно, што директно заштедува и 900 тони емисија на CO2 во атмосферата.
Погледнете:
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.