Македонија

„Алкалоид“ избрана за најпосакувана компанија за работа

17 Jun 2022

Според анкетата „Која е најпосакуваната македонска компанија за вработување?“, од 1.468 испитаници, 41% се изјасниле дека би работеле за „Алкалоид“.

Сајтот Vrabotuvanje.com направи анкета на оваа тема, а понудени опции беа дел од најголемите македонски компании.

Според резултатите, еден отсто од испитаниците се одлучиле за „Млекара Битола“, два отсто за „Прилепска пиварница“, по три отсто за „Зегин“ и А1 Македонија, а четири отсто би работеле во „Витаминка“.

Следна компанија на листата е „Македонски Телеком“, за која се изјасниле седум отсто од испитаниците. Осум отсто од испитаниците би работеле во „Пивара Скопје“, а потоа следуваат ЕВН Македонија како и „Макпетрол“.

Дури 41 отсто од испитаниците, односно 601 граѓанин, се изјасниле дека би работеле во „Алкалоид“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...