Продолжува соработката меѓу „Нелт СТ“ - Македонија и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Меморандумот за соработка го потпишаа Сашко Блажевски, извршен директор на „Нелт СТ“ и Предраг Трпески, декан на Економскиот факултет. Со тоа, студентите ќе имаат можност да учествуваат во програмите за практична работа и работилниците на „Нелт“, како и да слушаат предавања од професионалците во „Нелт“.
Задоволство ни е што ја продолжуваме соработката со Економскиот факултет и ги засилуваме и подобруваме шансите за интеграција на најдобрите студенти со најдобрата работна пракса и работење, изјави Деспина Попоска, специјалист за човечки ресурси во „Нелт СТ“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.