Во пресрет на велигденските празници Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) врши засилен надзор на продажните места за месо и јајца, изјави директорот Николче Бабовски.
Од досегашните контроли на инспекторите немало отстапување од правилникот за храна.
Увозот на храна во државава е контролиран од страна на нашите инспекциски служби и економските оператори, кои се занимаваат со трговија со прехранбени производи и на пазарот не можат да постават небезбеден производ. Целосно се контролира увозот на храна, преку мониторинг-програма за секојдневна контрола,изјави Бабовски.
Растот на цените на прехранбените производи од животинско потекло, пак, како што посочи директорот Бабовски, е поради тројно повисоките цени за храната за животни на светските берзи, а во однос на влијанието на руско-украинската криза врз квалитетот и количините на храна, посочи дека увозот е под контрола.
Храната ќе ја имаме, но може да се случи народот да биде гладен поради високи цени. Веќе има повик од Министерството за земјоделство за нови концесии, за да не остане необработено земјоделското земјиште, а и храната да биде безбедна,рече Бабовски.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.