Македонија

Од македонскиот пазар се повлекуваат производи Kinder произведени во Арлон

12 Apr 2022

„Атлантик Трејд“ Скопје соопшти дека како дистрибутер на асортиманот на компанијата „Фереро“ во земјава, на барање на производителот „Фереро“, го повлекува од пазарот производство наKinder Surprise Maxi и Kinder Schokobons.

Компанијата подвлекува дека на повлекување од пазарот подлежат само оние производи кои се произведени во погонот во Арлон, Белгија.

Како што е соопштено, во контекст на тековното испитување за салмонела во соработка со органите за безбедност на храната, „Фереро“ привремено ја затвора својата фабрика во Арлон во Белгија. Со стапување во сила веднаш, се прекинува целото производство на овие брендови. 

Како одговорен дистрибутер ги преземаме сите неопходни чекори за одржување целосна доверба од купувачите и делуваме за брзо повлекување на наведените производи од пазарот. Ги замолуваме потрошувачите доколку веќе поседуваат некој од горенаведените производи, да не го конзумираат. Може да го вратат во продажното место од каде го купиле, како и да го контактираат тимот за грижа на потрошувачи на potrosacki-servis@ferrero.com, соопштија од „Атлантик Трејд“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...