Македонија

„Виталиа“ првпат извезува во Африка

04 Apr 2022

Минатата недела „Виталиа“ ги направи своите први испораки до Нигерија, а веќе деновиве производите на оваа компанија за здрава храна ќе бидат извезувани и во Гана. 

Виталиа“ во овие две земји ќе се претстави практично со целиот свој асортиман на производи. Нигерискиот пазар покажа огромен интерес за функционалната линија на „Виталиа“, односно протеинската, безглутенската линија и производите без додаден шеќер. Во Гана, пак, најголемата побарувачка е за core производите како кранчи муслите, сировите барови, гранола баровите, чаевите и слично, соопштија од компанијата. 

Нигерија е позната како најразвиената и најголема економија, не само во Западна Африка, туку и на целиот континент. Оваа земја има популација од 206 милиони жители и е дом на втората најголема филмска индустрија во светот, веднаш зад американската. Гана, пак, ја има најбрзо растечката економија во Африка, но и население од 31 милион жители чии животни навики забрзано се менуваат. 

„Виталиа“ е најголемиот производител на здрава храна во Македонија и еден од најголемите извозници надвор од земјата, со дистрибутивна мрежа која постојано се шири. Минатата година Виталиа за првпат се претстави во Јапонија, а оваа година за првпат учествува и на африканскиот пазар. Целта е создадеме производи за модерниот човек кој сака да се храни здраво, да ужива во полните, разновидни вкусови и притоа да го направи својот живот поквалитетен преку консумирање на она што е добро за него. Производите на наменети за различни генерации и целни групи, со цени адаптирани и достапни на просечниот купувач, велат од „Виталиа“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...