Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски, утврди предлог до Управниот Одбор за избор на нови потпретседатели на Сојузот: Горан Ѓорѓиевски претседател на Агро-бизнис комора, Орце Симов, претседател на ИКТ Комора и Тања Дејаноска, претседател на Комора за приватно здравство.
Измените во раководните структури се дел од поширок процес на реформски активности за внатрешно реорганизирање и зајакнување на капацитетите на Сојузот со цел следење на современите трендови и текови на делување, во насока на подобро застапување на интересите на членовите и остварување на нивните потреби за раст и развој на бизнисите. Новите потпретседатели се истакнати и докажани бизнисмени и претприемачи кои преку нови и свежи идеи ќе дадат значаен инпут во планирањето и спроведувањето на новите активности, соопштија од Сојузот. .
Тројцата нови потпретседателите доаѓаат на местото на досегашните Драган Митковски, Александра Андреева, Ивица Јаќимовски и Владимир Граматиков чиј мандат се прекинува.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.