Македонија

Уште 29 фирми ќе добијат грантови за продолжување на дуалниот модел на образование

31 Jan 2022

Грант од околу 3,4 милиони евра, во рамки на првиот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РФП), денеска ќе им биде доделен на 29 фирми – членки на Стопанската комора, за да го продолжат дуалниот модел на образование со седум стручни училишта и една вискокообразовна институција.

Настанот е во организација на Стопанската комора, како дел од Коморскиот инвестициски форум (КИФ ЗБ6) и партнер во спроведувањето на финансискиот инструмент дизајниран за зголемување на вработливоста на младите – Регионален фонд за предизвици, во соработка со Германската банка за развој (КфВ) и германското Федерално министерство за економска соработка и развој.

На него ќе присуствуваат и Бранко Азески, претседател на Стопанската, Ото Граф, вршител на должност во амбасадата на Германија во Скопје, Балша Ќулафиќ, проектен координатор на Регионалниот фонд за предизвици во рамки на КИФ ЗБ6, Рене Ешеман, директор на Канцеларијата на Германската банка за развој во Македонија и Косово и Фридер Верман, раководител на тимот на РФП.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...