Македонскиот хард-дисконтер „Кам“ го збогати асортиманот со три нови производи, односно линии – крем Alpiko, лосиони Lalin и органско млеко Berief.
Најновиот крем од познатата и приватна марка Alpiko (200 г) е без палмино масло, без додаден шеќер, без глутен и со дури 10% лешник. Наменет е за потрошувачите што внимаваат на линијата и здравјето, но и за тие што имаат проблем со глутенот.
Лосионите за тело Lalin (500 мл) со авокадо и со алое вера, кои се дел од приватната марка на „Кам“, се богати со Е-витамин и наменети за сите типови кожа. Како што информираат од компанијата, лосионите се и за мажи и за жени, а се полни со активни состојки за брза апсорпција кои ја хидрираат и обновуваат кожата.
Последниот новитет во асортиманот на „Кам“ се веганските, органски млека со четири различни вкуса. Бадемовото, соиното, овесното и оризовото млеко од германскиот бренд Berief (1 л) се 100% органски, без додаден шеќер, глутен и лактоза. Тие се наменети за вегани, луѓе што постат или се нетолерантни на лактоза. Спакувани се во повеќеслојна модерна амбалажа, во привлечни бои.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.