За десет пати е намалена употребата на пластични кеси во Македонија, откако на 1 декември стапи на сила законот со кој се забранува нивната употреба. Државата во декември собрала 235.000 евра од продажбата на пластични кеси, кои чинат 15 денари. Средствата ќе одат во еколошкиот фонд.
Според новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување, од 1 декември кесите за пазарање во маркети и продавници се наплаќаат 15 денари. Надоместокот од 15 денари за биоразградливи кеси мора да се евидентира и пренесе во посебен фонд на Министерството за животната средина и просторно планирање.
Сега ќе направиме план за какви еколошки проекти ќе се вложат овие пари. Чекавме да видиме колкави ќе бидат тие средства, вели министерот за животна средина, Насер Нуредини.
Тој е задоволен од резултатите и потенцира дека граѓаните се повеќе пазаруваат со платнени торби. Министерот Нуредини вели дека знаат оти во одредени маркети и продавници не се почитува законот и дека ќе има инспекции.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.