Македонија

(ВИДЕО) Во Тирана прв заеднички настап на фирмите од регионот

03 Dec 2021

Претставниците на „Пекабеско“ АД Скопје, „ИМВ“ Битола, „Кораб Трница“, „Агро Вардарие“, „Тим ентерпрајс“ и „Биомарел шитаке“, преку средби, промоции, дегустации ги презентираа своите производи и потенцијалите за продлабочуање на соработката на пазарите во останатите земји од Западен Балкан на Меѓународниот саем во Тирана.

Тука, на заеднички штанд во организација на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), учествуваа 31 компанија од шестте земји од Западен Балкан. Меѓународниот саем во Тирана преставува добра можност за компаниите од регионот на Западен Балкан да ги презентираат своите производи, да ги зајакнат постојните и истражат нови можности за извоз, како и  да воспостават нови деловни односи со партнери од Албанија, останатите земји од Западен Балкан или пак други земји.

На отворањето присуствуваше претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и копретседател на Коморскиот инвестициски форум, Бранко Азески. Во рамки на саемските активности Азески заедно со Светозар Јаневски, член на бизнис советот на КИФ, остварија деловни средба со истакнатиот албански бизнисмен Васил Наци и најуспешните албански бизнисмени.

Во текот на денешниот ден Азески заедно со заменикот на претседателот во македонската Влада задолжен за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во Тирана ќе остварат дополнителни деловни средби, соопштија од Стопанската комора.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...