Македонија

ССК: Итно да се превземат чекори за справување со енергетската криза

19 Nov 2021

Енергетска криза е нов предизвик за претпријатијата, бидејќи ја нарушува нивната ликвидност, профитабилност и ја намалува нивната конкурентност. Во услови кога со години нема сериозни инвестиции во енергетскиот сектор кои ќе ја обезбедат неговата стабилност неопходно е надлежните институции да ги превземат сите мерки со цел успешно справување со состојбите од енергетската криза, бараат од Сојузот на стопански комори (ССК). 

Последиците кои ги чувствуваат претпријатијата од економската криза се силно изразени, а владата треба преку брзи и ефективни мерки да обезбеди итна поддршка за домаќинствата и претпријатијата, како и таргетирани даночни олеснувања. Преку координирана акција и пакет мерки ќе се ублажи непосредното негативно влијание од зголемувањето на цените и дополнително ќе се зголеми отпорноста од идните ценовни шокови. Во оваа насока, потребна е интервенција кај акцизите, ДДВ и дополнителните надоместоци кои дополнително ја зголемуваат цената на горивата, а кои претставуваат околу 46% од малопродажната цена се давачки кон државата (согласно композицијаата на цената на горивата објавена ва одлуките на РКЕ). Со ова ќе се неутрализира негативното влијание што го имаат зголемените цени на горивата врз целокупното поскапување, особено бидејќи предизвикува проблеми со ликвидноста на компаниите и граѓаните и ја намалува општата куповна моќ, негативно влијаејќи и на агрегатната потрошувачка, соопштија од ССК. 

Од таму велат дека недостигот од електрична енергија може да се намали со системски мерки и поттикнување инвестиции во енергетскиот сектор. На овој начин недостигот на електрична енергија ќе се намали, ќе се намалат производните трошоци на претпријатијата и ќе креираат дополнителни работни места.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...