Македонија

Голема новогодишна наградна игра во Веро, премијата е автомобил Opel Crossland

16 Nov 2021

Почнува голема новогодишна наградна игра во „Веро“ во која главните награди се автомобил Opel Crossland и мобилен телефон Samsung Galaxy Z flip 3, соопшти трговецот. 

Наградната игра трае од 15 ноември до 30 декември. Покрај двете главни премии, наградниот фонд го сочинуваат и таблети Huawei, часовници Хiaomi Mi, лед телевизори MI, прочистувачи на воздух Gorenje, лаптопи Acer, ранци за лаптоп, бавни готвачи Adler, сетови прибор за јадење, како и вредносни ваучери од по 1.000 и 2.000 денари. 

Во новогодишната наградна игра може да учествуваат сите купувачи во „Веро“ маркетите кои направиле сметка над 300 денари од означените промотивни производи. Со секоја таква сметка тие добиваат купон за учество кој треба да го пополнат со лични податоци и да го остават во означените кутии поставени во секој „Веро“ маркет. 

Секоја сабота во „Веро центар“ ќе се извлекуваат добитници на неделните награди. Главното извлекување е на 30 декември. Сите добитници на награди ќе мора да ја приложат фискалната сметка со која го добиле наградниот купон за да може да ја подигнат наградата.  

Се наближува периодот на новогодишните празници во кој сите уживаме, но и период во кој веќе станува традиција „Веро“ да ги дарува своите потрошувачи. Наградните игри кои ги организираме во соработка со нашите долгогодишни партнери се подарок за потрошувачите за нивната лојалност и доверба во нас. Вистинско задоволство е кога успешната година ќе ја заокружиме со многу среќни добитници на вредни награди. Им посакуваме многу среќа и успех на сите учесници во наградната игра, соопштија од маркетинг секторот на „Веро“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...