Вкупно 211 фирми ќе го воведуваат моделот на дуално образование, објави Бранко Азески, претседател на Стопанската комора.
Од нив, 188 фирми се приватни фирми (мали, средни и големи), 23 фирми се јавни и државни претпријатија и здравствени установи и 10 се занаетчиски дуќани.
Тоа е огромен напредок, ако се знае дека претходно само 11 фирми го воведоа овој начин на образование на идните кадри.
Зарем е можно кај нас, нештата да се имплементираат на вистински начин, без големо бранување на јавноста. Да, можно е, ако моделот е западно европски и ако тој кадар вистински е потребен на бизнисот, кој со себе ги носи карактеристиките – ненаметливост, упорност и истрајност, пишува Азески, во колумната објавена на интернет страницата на Комората.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.