Македонија

Јајцата на „Везе Шари“ веќе се во НАТО

11 Aug 2021
Компанијата „Везе Шари“ веќе осум години (од 2013 година) е добавувач на НАТО за конзумни јајца. Тие се единствени од Македонија и од регионот што ја снабдува војската на Алијансата со конзумни јајца. 
 
Абдулезељ Догани, директор на „Везе Шари“ го прашавме да го сподели нивното искуство и да објасни колку се строги критериумите за извозниците во НАТО, откако Владата најави дека македонски компании ќе може да учествуваат на јавните тендери на НАТО, со годишен буџет од околу 5 милиjaрди евра. 
 
Покрај исполнувањето на критериумите за здравствена заштита и благосостојба на животните, како и за безбедноста на храната од животинско потекло пропишана со националната легислатива и легислативата на ЕУ, се бараат и допонителни критериуми - особено во областа на заштитата на храната. Како оператор одобрен за снабдување на НАТО - силите, подлегнуваме на задолжителен AUDIT (официјална инспекција) од страна на експерти на НАТО минимум еднаш годишно, по што системски се контролира исполнувањето на условите, вели Догани.  
 
За потребите на НАТО, јајцата се прават по посебни стандарди, согласно барањата на воената Алијанса.
 
Владата, исто така, најави дека ќе се формира Центар за поддршка на домашните компании за настап на НАТО пазарот, во рамки на Министерството за одбрана. Идејата е да им се помогне на компаниите со подготовката на докумети и целата администрација за настап на тој голем и тежок пазар. На прашањето, каков вид помош им е потребна, Догани вели: Не ни е потребна помош.   
 
Во примерот на Бугарија, странските директни инвестиции, анализирано пет години пред и по влезот во НАТО, се скоро три пати повисоки, односно од 7 проценти на 19,8 проценти од БДП. Во Албанија тие се двојно поголеми, или од 5 проценти на 9 проценти од БДП. Во Романија, исто така има висок раст, од 2,8 проценти на 7,2 проценти по пристапувањето во НАТО, додека кај Чешка од 3,2 на 7,7 проценти.

Воедно, во земјите кои пристапиле кон НАТО во 2004 година, просечниот раст на извозот се зголемил од 6,8 проценти во периодот пред зачленувањето во НАТО на 11,8 проценти во периодот по пристапувањето во НАТО, соопштија од Министерството за одбрана. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...