Македонија

Во јули биле потребни 34. 128 денари за основните потреби на едно семејство

10 Aug 2021

На едно четиричлено семејство во јули му биле потребни 34. 128 денари за да ги покрие основните месечни потреби, покажуваат податоците на синдикалната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ).

Споредено со официјалните статистички податоци објавени за месечно исплатена плата во мај, трошоците на едно четиричлено семејство се поголеми за 5.407 денари.

Најмногу пари или 14. 417 денари во јули биле потребни за храна и пијалаци, а 10. 826 денари за подмирување на режиските трошоци. За превоз минимум биле потребни 2.528 денари, додека за хигиена 2.381 денар. Остатокот е за обувки, облека, одржување на здравјето и за културни активности.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...