Македонија

Во Виница се формира Академија за извршни менаџери

07 Jul 2021

Во Виница се формира Академија за извршни менаџери, под покровителство на компанијата „Макпрогрес“, ЕБОР - Лондон и Владата на Јапонија.

Академијата е дел од Фондацијата “Прогресив академија“ Виница основана од „Макпрогрес“ чија визија е развој на вештини преку квалитетни едукативни програми, унапредување на техничките знаења, акцелераторски програми и активности за истражување и развој. 

На официјалното отварање беа присутни претставници од ЕБОР, дваесетина извршни менаџери како и инструкторите кои се дел од програмата. Преку нашето долгогодишното работење и соработка со други компании, увидовме дека како на домашните така и на странските компании им недостигаат кадри обучени за извршни позиции. Оваа потреба е исто така евидентна кај голем број на семејни бизниси, особено во процесот на нивна трансформација во компании водени од професионален менаџмент, изјави Глигор Цветанов, генерален директор на „Макпрогрес“ претседател на„Прогресив Академија“.

Нашата цел e да го поддржиме формирањето на првата сертифицирана обука за извршни менаџери и среќни сме што процесот на верификација на едукативната програма е во тек. Очекуваме врвни таленти да се приклучат кон првата обука во септември и заеднички да ја направиме оваа приказна успешен пример за земјата и регионот, изјави Анди Аранитаси, претставник на резидентната канцеларија на ЕБОР во Скопје.

Консултантската компанија „ПрајмПоинт Партнерс“ од Македонија ја води целосната имплементација на Академијата за извршни менаџери. Програмата ќе опфати интерактивни предавања, симулации, видни гости говорници, алатки за личен развој и наставни модули според последните светски трендови неопходни за водење бизнис на глобално ниво, кажа Билјана Марковиќ Стаменова, Директор на PrimePoint Partners и Академски директор на Академијата за извршни Менаџери. 

Уписот во Академијата е отворен, програмата во времетраење од 9 месеци ќе започне од септември. Повеќе информации за Академијата можете да најдете на овој линк.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...