Македонија

Компаниите годинава можат да исплатат двојно повисок К-15

18 May 2021

Дали домашните компании, годинава, ќе ја искористат можноста за двојно зголемен регрес за годишен одмор, работниците ќе знаат за околу еден месец. Kако една од мерките од Петтиот економски пакет, Владата им понуди на компаниите можност за зголемување на прагот на ослободување на оданочувањето со данок на добивка на Регресот за годишен одмор од постоечките 40 на 80 отсто.

Ако како основа за пресметка се земат просечните плати за декември, јануари и февруари, минималната сума за регресот за годишен одмор, исплатен сега, би изнесувала околу 11.300 денари. Но, ако се користи новото даночното ослободување до 80 отсто, сума би можела да биде двојна. Актуелно, сумата што е предвидена како минимална во Колективниот договор, изнесува 40 проценти од просекот на трите просечни нето плати во државата објавени од Државниот завод за статистика, пред исплатата. Компании веќе исплатија од 25.000 до 28.000 денари за К-15 за годинава. 

Како што веќе пишуваше „Слободен печат“, сумата за К-15, ќе се признае како расход, што ја намалува даночната основица на компаниите, а причина за тоа, како што соопшти лани премиерот Зоран Заев, е да се стимулираат работодавачите да даваат поголем износ. Веќе е утврден и текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка со кој се одредуваат непризнаените расходи, со што се создава можност за зголемување на износот на регрес за годишен одмор, што ќе се третира како признаен расход за даночни цели, како мерка од Петтиот пакет економски пакет.

Исплатата на регресот треба да почне наскоро, а се однесува за сите вработени кои работеле најмалку шест месеци, кај истиот работодавач.

Извор: Слободен печат 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...