Македонија

Бесплатни обуки за вештачка интелигенција

07 мај 2021

„Семос едукација“ и Фондот за иновации и технолошки развој почнуваат партнерски проект за развивање и поголема имплементација на вештачката интелигенција во државата.

Преку бесплатна едукација 1.000 млади од 17 до 29 години ќе имаат можност да учат како да ја применат вештачката интелигенција. Проектот предвидува посети на две бесплатни обуки кои претставуваат вовед во вештачката интелигенција.  Станува збор за AIBIZ – Artificial Intelligence for business од брендот CertNexus , обука за примената на вештачката интелигенција во бизнисот и Microsoft AI fundamentals – AI900, обука која го воведува слушателот во основните концепти поврзани со вештачката интелигенција и услугите во „Мајкрософт Азур“ (Microsoft Azure).

Онлајн обуките ќе се одржуваат на 20 и 21 мај 2021 година, со шестчасовни предавања дневно. Учесниците ќе имаат можност да полагаат и да се сертифицираат со светски признаена диплома.  

Фондот за иновации заедно со партнерските организации сериозно работи на трансформација на македонскиот стартап екосистем и воведување на глобалните трендови во работењето на македонските стартапи и компании, изјави Коста Петров, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Обучените сертифицирани лица ќе можат да ја продолжат својата кариера во домашните и странските компании, што ќе има и долгорочен импакт врз зголемувањето на извозот на софтверски услуги.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...