Македонија

Се укинува забраната за семинари, обуки, работилници....

28 Apr 2021

Од денеска престанува да важи забраната за организирање и одржување на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип, одлучи Владата на синоќешната седница. 

Забраната за вакви настани беше воведена на 5 април, а потоа беше направен исклучок само за оние кои се организираат за наставниот кадар од Министерството за образование и наука (МОН).

Од денес, полицискиот час наместо во 20 часот, ќе почнува во 21 часот и ќе трае до 5 часот наутро. Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, и вечерта меѓу 13 и 14 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Исто така, од денес ќе почнат да работат и терасите на угостителските објекти.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...