Македонија

„Прилепска пиварница“ оствари добивка и покрај кризата

02 Mar 2021

Приходите од продажба лани, заради бројните ограничувања особено во вториот квартал, изнесуваа 26,1 милиони евра што е за 15 отсто послабо од 2019 година. Речиси целиот приход од продажба компанијата го реализира на домашниот пазар, односно 26,09 милиони евра.

Оперативните расходи на компанијата лани изнесуваат 25,2 милиони евра и се за 20 отсто пониски од претходната споредбена година. Најголемата расходна ставка се трошоците за суровини и други материјали и тие изнесуваат 10,5 милиони евра. Расходите за рекламни и маркетинг-услуги се намалени за 52%.

Нето-добивката на „Прилепска пиварница“ лани изнесува 1,34 милиони евра.

За 2021 година компанијата донесе план за работење на Друштвото во реални и остварливи рамки и поставени се цели за остварување на позитивни финансиски резултати, а во донесениот план првата половина од 2021 година е во целост во корелација со начинот на работењето и условите за работење и влијанието на Ковид пандемијата. Во втората половина од годината планирано е релативно помал удел на наведеното влијание, што значи дека е планирана и се очекува остварување на далеку поголема добивка за деловната 2021 година во споредба со минатата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...