Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за формирање нов совет за заштита на потрошувачите и донесе Решение за именување членови на советот за заштита на потрошувачите.
Советот во основа има за цел да се грижи за заштита и остварување на правата на потрошувачите во однос на заштитата на здравјето, безбедноста, економските интереси и за нивното редовно информирање во остварувањето на нивните права. Советот ја проучува постојната правна регулатива и предлага соодветни измени во областа на правната заштита на потрошувачите, ја следи реализацијата на Програмата за заштита на потрошувачите и предлага на Владата на Република Северна Македонија мерки за нејзино остварување, наведува владината прес-служба во соопштение.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.