На интернет страницата на Македонска берза е објавена понудата за преземање на „Скопски пазар“ од страна на „ЗСФ КОМ“ и „Современ дом“.
Се нуди откуп на акциите по цена од 6.500 денари за акција, што е за 30 отсто повеќе од просечната цена на тргување во изминатите 12 месеци. Притоа, преземачот се обврзува да ги откупи сите 29.256 обични акции со право на глас.
Рокот на прифаќање за понудата за преземање почнува на 19.02.2021 година и завршува на 20.03.2021 година.
Извор:емагазин
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.