Македонија

InStore јубилеј: 10 години едукација за е-продажба

03 Mar 2021

InStore е постојано во чекор со трендовите во FMCG-секторот и преку своите соработници, експерти од различни области, ги инспирира своите читатели. Уште во првите броеви почна со објава на стручни текстови преку кои ја нагласивме потребата и потенцијалот на е-продавниците.

За тоа дека ќе се случи пресврт во начинот на продажба, она што сега доживува силен залет, укажувавме преку текстови, излагања на нашите гости и континуирано известување за трендовите во е-трговијата. 

Е-продажбата беше тема и на FMCG самитите што магазинот InStore и Кликер маркетинг ги организираат од 2015 година, или шеста година по ред. На 3.FMCG Summit, Маријана Агиќ Молнар, тогашна директорка на истражувачката агенција ГФК за Јадранскиот Регион зборуваше за „Фото-роботот на потрошувачот на иднината“. Во презентацијата истакна дека „Интернетот е технологија на „кратко паметење" – потрошувачот бргу заборава, а од друга страна има огромен избор“, а даде и многу интересен пример како преку е-трговијата може да се создаде персонализирана понуда за потрошувачите.

За потребите на 4.FMCG Summit, и за презентацијата „Аналогно одиме кон дигитално" на Ивица Соколовски, менаџер за истражувања во „Ипсос" – Македонија, агенцијата спроведе истражување за предизвиците на е-трговијата пред кои се исправени производителите и трговските синџири. Најважните аспекти на е-трговијата, кои ќе го движат понатамошниот развој се: иновативност при креирањето на дигиталната понуда; директна, но ненаметлива релација меѓу потенцијалниот потрошувач и компанијата; овозможување едноставно е-пазарење; запазување на принципот на повеќеканалност; дистрибуција до дома; безбедни трансакции во земјата и од странство...

Промената на начинот на купување се должи на ограничувањата за купување во физички локации кои со себе ги донесе пандемијата. Согласно податоците од Народната банка, преку е-трговија, односно онлајн-плаќање во првите девет месеци годинава се реализирале вкупно 10 милијарди денари, што го надминува износот реализиран во текот на цела 2019 година. Воедно, отворени се 1.342, што е дури 212,6 отсто повеќе е-продавници во споредба со 2019 година.

Со објавувањето на стручна содржина InStore ќе продолжи да им помога на компаниите да ги надминат предизвиците со кои се соочуваат. Очекувајте во следните броеви нови содржини поврзани со е-трговијата. Во меѓувреме, на следниот линк може да прочитате дел од текстовите на оваа тема што веќе се објавени во InStore.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...