Од следниот четврток (21 јануари) угостителските објекти наместо до 18 ќе работат до 21 часот.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека од 21 јануари ќе се врати работното време до 21 часот, а сите други мерки ќе останат во сила. Тој додаде дека Комисијата за заразни болести ќе го разгледа барањето на угостителите од 21 јануари да имаат работно време до 23 часот, но тоа ќе зависи од проценката на ситуацијата со вирусот во нередните денови.
Мерката за скратување на работното време беше воведена на 18 декември, кога Владата ја почна кампањата „Празнувај одговорно“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.