Компаниите се повеќе отвораат е-продавници или одлучуваат да бидат дел од локална маркетплејс-платформа.
Во текот на првите девет месеци од 2020 година Македонците стекнува поголема доверба во е-трговијата и онлајн нарачките. Тоа може да се заклучи и од порастот на бројот и вредноста на онлајн-трансакциите со домашни картички, особено кон домашните е-продавници, посочуваат од Асоцијација за е-трговија на Македонија (АЕТМ).
Пандемијата со коронавирусот влијаеше врз промената на навиките на домашните купувачи. Согласно одговорите во прашалникот за е-купувачи, спроведен од АЕТМ на 2.802 испитаници, 37% од нив одговориле дека значително повеќе почнале да купуваат онлајн од почетокот на пандемијата, а дури 76 отсто одговориле дека со ист обем ќе продолжат да купуваат онлајн и по завршувањето на пандемијата со Ковид-19, велат од Асоцијацијата.
Оттаму нагласуваат дека сè повеќе компании одлучуваат да бидат дел од локален маркетплејс за онлајн-продажба и дека зголемената онлајн-потрошувачка, покрај природниот пораст и ограничувањата кои со себе ги донесе пандемијата за купување во физички локации, се должи и на порастот на понудата од домашните компании.
Согласно податоците од Народната банка, преку е-трговија, односно онлајн плаќање во првите девет месеци годинава се реализирале вкупно 10 милијарди денари, што го надминува износот реализиран во текот на цела 2019 година. Бројот на виртуелни места на продажба (интернет продажни места), заклучно со 30 септември годинава е 1.342, односно се зголемил за 322 или е поголем за 212,6 отсто во споредба со 2019 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.