Македонија

Избрани најдобрите трговски објекти за 2020 година

28 Dec 2020

Градот Скопје и Агенцијата „Свот рисрч“ ги избраа најдобрите трговски објекти во Скопје, во повеќе дејности.

Изборот традиционално, 14-ти пат, се реализира во рамките на манифестација „Месец на трговијата 2020".

Годинава, поради пандемијата изборот на најдобар трговски објект е организиран поинаку, а раководителот на Секторот за Локален економски развој на Град Скопје, Марко Тодоров, на претставниците на најдобрите трговски објекти плакетите им ги додели плакетите на отворено пред бараките на Град Скопје.

Проектот „Месец на трговијата“ произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на град Скопје за 2020 година. Целта е да се поттикне развојот на трговијата и занаетчиството и да се укаже на потребата од следење на современите текови и примената на модерните технологии во овие стопански гранки.

Трговските објекти се бираа според категории, па така во категоријата супермаркети: прво место освои „Рамстор“, второ место „Рептил“ и трето место „Гранап“.

Во категоријата парфимерии и козметока прво место освои: L'occitane, второ место „Ри-Ма“ и трето место MAC cosmetics

Проектот се организираше во периодот од 1 ноември до 30 ноември 2020 година. Тајните купувачи по направената евалуација изготвија извештаи кои се изработени според примарните критериуми, кои оваа година поради пандемијата беа дополнети со нови критериуми, и тоа: изглед на продажното место - (ознаки, хигиена, уредност, изложеност на производи); прв контакт - (поздравување, изглед на вработен и контакт со очи); COVID – 19 критериуми - (носење заштитна маска, средства за дезинфекција, маркери за држење дистанца); услуга кон купувачите - (љубезност, насмевка, волја да се излезе во пресрет и професионалност на вработен); продажни вештини - (поставување прашања, претставување и познавање на производите, нудење дополнителни производи, проактивност); завршен контакт - (заблагодарување и поздравување на заминување) и задоволство од купувачкото искуство на тајните купувачи - (субјективно мислење за повторна посета и препорака)

Вкупниот резултат остварен од сите трговски објекти кои се испитуваа годинава е повисок во споредба со вкупниот резултат остварен во 2019 година. И покрај дополнителните стандарди кои беа мерени оваа година и вонредните услови за работа во време на пандемија, трговците успеаја да го подигнат нивото на квалитет на услуга.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...