Македонија

Македонското овошје и зеленчук уште пет години ќе се извезува во ЕУ без царина

22 Dec 2020

Производителите и извозниците на овошје и зеленчук од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија и во следните пет години ќе продолжат да ја продаваат својата стока без царини на купувачите во Европската унија, пренесе МИА. 

Одлуката на Европската унија за Автономни трговски мерки (АТМ) со која до крајот на 2025 година се продолжуваат досегашните трговски повластици за извоз на производи што не се опфатени со Договорот за стабилизација и асоцијација (СПП), или за кои ССП е понеповолен, беше објавена во Службениот весник на ЕУ и стапува на сила утре. Одлуката, која се обновува на секои пет години, на предлог на Европската комисија, ја донесе Европскиот парламент и ја потврди Советот на ЕУ.

Поповолен трговски режим, за чие проширување се залагаше заедничката трговска комора од регионот во комуникација со институциите во Брисел, е особено важен за малите и средни претпријатија – производители и извозници на овошје и зеленчук од свежи јаболка и сливи до слатка пченка. Заштедите од неколку десетици милиони евра царина им даваат предност во однос на конкуренцијата, можност за поголем извоз и заработка и подобро позиционирање на големиот пазар на Европската унија, изјави Марко Чадеж од Стопанската комора на Србија и на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан.

Покрај јаболка, сливи и слатка пченка, без царински товар, во следните пет години, од Западен Балкан ќе се извезува во ЕУ, меѓу другото, компири, тиквички, печурки, грозје, кајсии, цреши, вишни, нектарини, праски, јагоди, орашасти производи, дињи...Според АТМ и на производителите на вино од регионот, им се продолжува можноста за извоз на дополнителни 30 000 хектолитри годишно, откако ќе се искористат квотите одобрени од ЕУ за економиите на Западен Балкан поединечно, согласно билатералните договори.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...