Македонија

Од денеска почнува скратеното работно време за угостителите

18 Dec 2020

Од денеска стапуваат во сила новите рестриктивни мерки, кои ќе важат до 21 јануари. Угостителските објекти ќе затвораат во 18, наместо во 21 часот како досега.

Хотелите, пак, ќе треба да ги затворат своите ресторани во 21 часот.

Се забранува организирање какви било прослави за новогодишните празници на отворен и затворен простор од фирмите и јавните институции, а останува и забраната за собири на јавни места, како и за групирање на отворено на повеќе од 4 лица. Ова важи и за новогодишната ноќ.

Од друга страна, Независната угостителска комора (НУК) истакнаа дека се незадоволни од мерката која се однесува за скратеното работно време. Најавија дека ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за оценување на нејзината уставност.

Со оглед дека ниту премиерот ниту некој друг член на Владата не излегоа во пресрет на нашето барање за итна јавна средба отворена за јавноста и за учество на медиумите, очигледно Владата си поигрува и ја потценува моќта и општествената улога и влијанието на угостителите и угостителските работници кои секојдневно опслужуваат повеќе од половина милион гости во угостителските објекти ширум земјава, наведува претседателот на НУК, Здравко Јосифовски, во пресрет на поднесувањето на иницијативата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...