Македонија

Николче Бабовски е нов директор на АХВ

17 Dec 2020

Од денес Николче Бабовски е вршител на должноста директор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

На оваа позиција Бабовски (на фотографијата) доаѓа од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, во која од август 2017 година ја извршуваше функцијата директор.

На денешното примопредавање, досегашниот директор на АХВ Зоран Атанасов му посакал успех во работата и го информирал за досегашните и идните  активности на Агенцијата.

Бабовски по професија е дипломиран доктор по ветеринарна медицина на Факултетот за ветеринарна медицина на Универзитетот во Белград и магистер по менаџмент на човечки ресурси на Универзитетот за менаџмент и туризам во Скопје.

Зоран Атанасов беше директор на Агенцијата за храна и ветеринарство од јуни 2017 година. Тој минатата недела најави дека ќе поднесе оставка од функцијата, затоа што од премиерот добил понуда да биде советник за земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...