Компанијата „Магрони“ ја претстави онлајн-продавницата MagStore, на која потрошувачите може да ги најдат водите Ladna и Dobra voda, како и оригиналното чешко пиво Budweiser Budvar.
Во период кога е особено важно да ги имаме дигиталните алатки на наша страна, „Магрони“ ја креираше онлајн-продавницата MagStore за да го олесни и да го направи побезбеден процесот на купување за сите потрошувачи, соопштуваат од компанијата.
Онлајн-продавницата содржи филтри, преку кои потрошувачите полесно можат да го најдат посакуваниот производ, големината на пакување и типот на амбалажа. MagStore обезбедува директна и бесплатна испорака до дома, со минимална нарачка од 500 денари.
Почетоците на „Магрони“ датираат од 2000 година, кога компанијата беше основана како производител и дистрибутер на вода и освежителни пијалаци. Сега, 20 години подоцна, во компанијата се вработени повеќе од 100 луѓе. Како што соопштуваат од „Магрони“, во фокусот на компанијата остануваат безбедното производство, високиот квалитет на производите, иновативноста и континуираното следење на потребите на потрошувачите, што го наметна и отворањето на онлајн-продавницата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.