Синџирот хард-дисконти „Киппер“ го отвори 58. маркет во малопродажната мрежа.
Најновиот маркет беше отворен во понеделникот (9 ноември) во Струга, на улицата Маршал Тито, бр. 1. Вкупната површина е 360 квадратни метри, од кои 320 квадрати се продажен простор, а 40 квадрати се магацински простор.
Потрошувачите имаат на располагање 2 наплатни каси, а за услугата се грижат тим од 9 вработени. Асортиманот го сочинуваат околу 2.000 производи.
Ова е трет нов маркет „Киппер“ за помалку од еден месец. Првиот беше отворен на 19 октомври во Кичево, а пред една недела отворен е и маркетот во гостиварското село Дебреше.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.