Стартува со реализација четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните, стопанството и за одржување на макроекономската стабилност, објави премиерот Зоран Заев.
Покрај мерките за директна поддршка за исплата на плати, како и директна финансиска поддршка за граѓаните, воведени се мерки за даночни ослободувања и намалување на давачките за компаниите како: намалување на ДДВ од 18% на 5% за занаетчиски услуги; намалување на стапката на ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци; плаќање ДДВ 5 дена по поднесување на пријава; одложено плаќање на аконтации за данок на добивка и данок на личен доход; и признавање на трошок за приватно здравствено осигурување и тестирање за КОВИД-19.
Преку ребалансот на Буџетот за најпогодените сектори дополнително се одвоени 412 милиони денари за поддршка на производителите, преработувачи и извозници на грозје и вино; 9,8 милиони денари за туристичките водичи; 120 милиони денари за враќање на туристичката такса за 2019 година; и 330 милиони денари за грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби.
Поддршката по вработен ќе изнесува од 14.500 до 21.776 денари, односно до 17.410 денари кај самостојните вршители на дејност. Рокот за поднесување барања е до 10 во месецот, а поддршката ќе се исплаќа до 15-ти во тековниот месец за претходниот месец.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.