Македонија

Светски познатата „гуру за реинвенција“ - ексклузивно на FMCG Summit 2020

04 Nov 2020
Врвни говорници и теми од клучен интерес за бизнисот ќе Ви понуди магазинот InStore на 6 FMCG Summit, кој годинава ќе се одржи онлајн, само на 26 ноември. 
 
Ексклузивен говорник на Самитот е д-р Надја Жексембаева, бизнис сопственик, едукатор, говорник и автор, жената нареченa „гуру за реинвенција“ (во списанието In Ventures) и „Кралица на повторното откривање“ (TEDx Navasink). Таа ќе зборува на темата „Зошто треба да правите реинвенција на вашата компанија секои три години?“. 
 
Потесен интерес и специјализацијата на Жексембаева се во доменот на реинвенција. Како консултант, Надја им помага на организации како The Coca-Cola Company, Henkel, ENRC PLC, IBM, CISCO, Erste Bank, Knauf Insulation, Vienna Insurance Group и многу други за да ги пронајдат своите производи, процеси и лидерски практики. Надја има богата и разнолична кариера:
 
    • Како едукатор, придонесе за развој на скоро 5.000 директори одржувајќи едукативни сесии, семинари направени по нарачка и долгорочни проекти за корпоративна реинвенција. Професор е за одржлив развој на IEDC- Бледската школа за менаџмент, каде предава за лидерство, стратегија, управување со промени, размислување за дизајн и одржливост. Покрај IEDC, Надја предаваше и во други деловни училишта, вклучувајќи ги CEDEP-INSEAD (Франција), Case Western Reserve (САД) и IPADE Business School (Мексико).
 
    • Како говорник, Надја го споделува знаењето со публиката ширум светот на конференции, работилници и панел дискусии. ( TEDx во Австрија, Словенија и САД).
 
    • Како автор, Надја има напишано две книги („Вградена одржливост: Следната голема конкурентска предност“ во 2011 година и „Исцрпена стратегија: Зајакнување на иновациите за светот лишен од ресурси“ во 2014 година) и придонесе за уште пет други.
 
Во обидот да ги пронајдат корпоративните пристапи кон стратегијата за одржливост, Надја и коавторот Крис Ласло го измислија концептот „вградена одржливост“, што беше практично виртуелно непостоечки термин кога го лансираа во 2009 година. Денес, тој има преку 25 милиони пребарувања на Google и е главна основа на корпоративната одржливост.
 
InStore на својата интернет страница ќе Ви ги претстави и останатите говорници кои ќе го збогатат Самитот со своите знаења, искуство и насоки за развој на Вашиот бизнис. Годинава, на конференцијата можете да ни се придружите бесплатно! Вашата пријава ја очекуваме тука. 
 
Не пропуштајте го Самитот на кој може да присуствувате само еднаш во годината!  


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...