FMCG Македонија 2020

Ана Јеличиќ: “Design Thinking како начин на делување“

20 Nov 2020

АНА ЈЕЛИЧИЌ ќе биде една од говорничките на овогодинешниот 6 FMCG Summit 2020 што ќе се одржи онлајн на 26 ноември, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.

Таа ќе зборува на темата “Design Thinking како начин на делување“. 

Како партнер на DesignThinkers Academy, Ана Јеличиќ посветува најголем дел од своето време во помагање на разни обуки, кампови и работа на проекти кои бараат имплементација на методологијата за design thinking. Целта е секогаш да се создадат и развијат процеси, производи или услуги со кои компаниите ќе станат повеќе customer-centric (клиентите и потрошувачите, центар на сите процеси). 

Јеличиќ е овластен консултант за Design Thinking со искуство во човечки ресурси. Има агенција за човечки ресурси која се фокусира на мали и средни претпријатија. Таа им помага и ги олеснува процесите на креирање стратегии поврзани со вработување, обука и развој. На клиентите Ана им обезбедува и поддршка при поставување и трансформирање на нивните оддели за човечки ресурси. Ана Јеличиќ е исто така една од иницијаторите на конференцијата Inside.

InStore на својата интернет страница ќе Ви ги претстави сите говорници кои ќе го збогатат Самитот со своите знаења, искуство и насоки за развој на Вашиот бизнис. Годинава, на конференцијата можете да ни се придружите бесплатно! Вашата пријава ја очекуваме тука. 

Не пропуштајте го Самитот на кој може да присуствувате само еднаш во годината!  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...