Антонио Зрилиќ е еден од говорниците на овогодинешниот 6 FMCG Summit 2020 што ќе се одржи онлајн на 26 ноември, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
Тој ќе зборува на темата „Стратегии за елестичен синџир на снабдување пост Ковид“, актуелна и предизвикувачка тема за компаниите од FMCG секторот.
Зрлиќ е основач на компанијата „Логико“, специјализирана за советување во Supply Chain Management (менаџирање со синџирот за снабдување). Реномиран консултант што советувал голем број компании, менаџери и претприемачи. За потребите на различни компании досега осмислил и спровел многубројни проекти поврзани со оптимизација на трошоците во логистиката и во производството. Според зборовите на клиентите: тој е мотор за придвижување на промените; ја враќа вербата дека може да се остварат големи и значајни промени; прави квантен скок во продуктивноста и ефикасноста; драматично го унапредува паричниот тек...
Зрилиќ е експерт за оптимизација на оперативните процеси (логистика, набавка и производство), поседува повеќегодишно искуство за развој на менаџментот. Креатор е на единствената методологија „Оптимизација на залихите во шест чекори“ и на софтверот StockOptimizer (за оптимизација на залихите и нарачувањата).
Автор е на книгите „Управување на залихите во шест чекори“ и „Логистика со брзина на светлината“, а соработува и со редакциите на повеќе стручни списанија и публикации (InStore, JaTrgovac, Business.hr, Eukonomist, Poslovni savjetnik, Lider, Progressive, Infotrend). Зрилиќ е сертифициран САП-консултант, има серификат „Green Belt Six Sigma“. Член е на Заедницата на деловни советници, Организацијата на хрватски извозници и на Хрватската задруга за набавка.
InStore на својата интернет страница ќе Ви ги претстави сите говорници кои ќе го збогатат Самитот со своите знаења, искуство и насоки за развој на Вашиот бизнис. Годинава, на конференцијата можете да ни се придружите бесплатно! Вашата пријава ја очекуваме тука.
Не пропуштајте го Самитот на кој може да присуствувате само еднаш во годината!
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.