FMCG Македонија 2020

Кина Демирел од турски Migros Ticaret - говорник на 6 FMCG Summit 2020

10 Nov 2020

Кина Демирел, директор за маркетинг комуникација и CRM во Migros Ticaret A.Ş., ќе го збогати овогодинешниот 6 FMCG Summit 2020 што ќе се одржи онлајн на 26 ноември, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.

Таа ќе зборува на темата „Нова лојалност во новата реалност“ врз основа на своето практично искуство - во последните 10 години ја водеше најголемата и најпопуларна програма за лојалност во Турција – Money Club, управувајќи со податоците на повеќе од 13 милиони активни купувачи. 

Кина Демирел дипломирала на Универзитетот во Лидс. Професионално, таа го избра „Migros Ticaret A.Ş.“ поради нејзината страст кон малопродажната трговија. Низ годините има имплементирано многубројни малопродажни проекти, кои секогаш се базираат врз податоци. Освен лојалните програми, таа ја координира и целата комуникација на трговските марки на „Migros“. Со тимот, успеа да создаде нови медиумски и комуникациски канали за „Migros“. Таа е страствен застапник на одлуките водени од податоци и на меѓународно ниво зборува за податоците, лојалноста и за однесувањето на потрошувачите.

InStore на својата интернет страница ќе Ви ги претстави сите говорници кои ќе го збогатат Самитот со своите знаења, искуство и насоки за развој на Вашиот бизнис. Годинава, на конференцијата можете да ни се придружите бесплатно! Вашата пријава ја очекуваме тука. 

Не пропуштајте го Самитот на кој може да присуствувате само еднаш во годината!  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...