Саемот „World of Private Label“ (Светот на приватните трговски марки), во организација на ПЛМА, кој првично беше закажан за 26 и 27 мај годинава и одложен за 2 и 3 декември, ќе се одржи онлајн од 1 до 4 декември.
Категориите производи на онлајн-саемот ќе бидат распределени според денови. За да биде ефективно претставувањето за изложувачите и за купувачите, секоја категорија ќе биде отворена по два дена. Категориите што ќе бидат онлајн-презентирани ќе вклучуваат: свежа и смрзната храна, суви прехранбени производи и пијалаци, како и непрехранбени производи – козметика, производи за здравје и убавина, за одржување на домот, за нега и одржување на автомобили, за градината и домаќинството и DIY-производи (Do it yourself, направи сам). Благодарение на облак-технологијата, саемот ќе биде достапен од секое место на светот.
Во последните 35 години саемот прерасна во водечки настан во индустријата. Го разбираме разочарувањето што нашите членови и другите учесници го почувствуваа по откажувањето на трговското шоу во Амстердам, но убедени сме дека онлајн-настанот ќе ѝ обезбеди на светската индустрија за приватни трговски марки вредни решенија за продажба и маркетинг, во момент кога тие се најпотребни, изјави Пеги Дејвис, претседателка на ПЛМА.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.