Актуелно

Близу 150 милиони евра завршиле кај бизнисите од трите пакети економски мерки

29 сеп 2020

Близу 150 милиони евра завршија во стопанството преку претходните три пакет економски мерки донесени од Владата, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Најмалку 145 милиони евра се во стопанството. Вкупно 75 милиони евра беа наменети за вработените, а тука завршија и средствата од платежните картички за граѓаните.Кај  стопанството завршија и  бескаматните кредити од 51 милиони евра, како и даночните ослободувања. Но точна бројка ќе има во текот на денот или најдоцна утре, рече Битиќи.

Владата веќе го објави и четвртиот сет за помош во корона кризата кој има 31 мерка за стопанството и за граѓаните. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...