Актуелно

Олаф Кох се повлекува од „Метро“

26 авг 2020

Надзорниот одбор на „Метро“ ја прифати раната оставка на Олаф Кох, досегашниот извршен директор на компанијата, која ќе стапи на сила на 31 декември 2020 година и договори процес за избор на негов наследник. 

На вонредната седница одржана на 23 август, Надзорниот одбор го одобри двостраниот раскин на договорот, му заблагодари на Олаф Кох за досегашните услуги и договори уредна постапка за избор на нов извршен директор. 

Надзорниот одбор искажа благодарност кон Кох за досегашните постигнувања: како главен финансиски директор од 2009 година и како главен извршен директор од 2012 година, тој ја извади компанијата од значителни долгови и истовремено покрена процес за трансформација на „Метро“ од конломерат во целосен големотрговец. Дополнително, го прошири портфолиото на услугата „испорака на храна“, дигитални апликации и на други услуги. 

Му благодарам на Надзорниот одбор на неговата согласност предвреме да го раскине мојот договор и да ја обезбеди мојата целосна посветеност на „Метро“ до крајот на годинава, изјави Кох. 

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Мариа Лазарова-Иванова: Ќе ја зајакнеме одржливата деловна практика

28 сеп 2020

Компанијата dm им исплати бонус од по 9.000 денари на сите вработени

28 сеп 2020

Ејуп Абдулахи: Успехот е круна на најпосветените

28 сеп 2020

„Лидл“ извезува хрватски производи во 14 европски земји

28 сеп 2020

Саемот на ПЛМА ќе се одржи онлајн

28 сеп 2020

Холандски „Плус“ претстави замена за месо

28 сеп 2020
Вчитува уште новости...