Актуелно

Тедески: Не само што не ги намаливме платите, туку на најизложените им ги зголемивме

02 јун 2020

Емил Тедески, сопственик на „Атлантик група“, даде осврт на тоа колку кризата предизвикана од Ковид-19 се одрази врз работата на неговата компанија во Хрватска и на најважните пазари за „Атлантик група“. 

Тој смета дека хрватската влада донела добри мерки за бинисот, а одговорност покажа и неговата компанија, бидејќи веднаш голем број вработени почнаа да работат од дома, а платите не само што не се намалени, туку и се 15 отсто зголемени за работниците кои имаат најголем обем на работа на време на кризата. Тедески вели дека со тоа сакале да покажат солидарност и благодарност кон оние кои се најмногу изложени во новите околности. Иако овогодинешните резултати за работењето нема да бидат како планираните, сепак ќе бидат позитивни. 

Минатата година имавме исклучителни резултати и пораст ако се гледаат приходите, нето добивката...тој тренд продолжи и во почетокот на годинава, но поради пандемијата беше запрен. Иако не ја почувствуваме кризата како други компании кои мораа да отпуштаат вработени, ситуацијата сепак влијаеше и на нас, прометот на дел од асортиманот е намален, а во пошироката слика слабее и куповната моќ на граѓаните. Но, и оваа година ќе работиме позитивно, рече Тедески во разговор за хрватски медиум. 

„Атлантик група“, компанија со повеќе од 5.500 вработени, се прилагоди на новонастаната ситуација така што ги укина тим билдинзите, конференциите и останатите поголеми собирања. Веднаш 1.800 вработени продолжија да работат од дома, а тука високиот степен на дигитализација во компанијата се покажа како многу корисен. 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...